Започнува дванаесеттиот по ред моден викенд во Скопје под мотото „Модата и културното наследство“. Пет дена исполнети со многу шминка, штикли, свечени тоалети, иноватини креации и супер-згодни манекенки и манекени.

На 21 октомври во Музејот на Македонија, почетокот на модниот викенд ќе го одбележи модната изложба составена од финалните дела произлезени од неколкумесечниот проект „Модата и културното наследство“. Ревијалниот дел стартува ден подоцна и ќе трае сè до 25 октомври.

Flyer_Programa_inside_07_02

Како дел од новата сезона на Моден Викенд Скопје, ќе биде реализиран и проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките.” Проектот резултираше со соработка помеѓу дизајнерката Ирина Тошева и македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“. Колекцијата ќе биде премиерно прикажана во декември.

fwsk-backstage-promo

Уште еден од серијалот на култни настани во Скопје (тоа што станува збор за 12то издание е доволен доказ), кој секогаш предизвикува фама и помпезност. Се надевам дека оваа година нема да заостане и дека ќе биде уште подобар од минатите.

 

 

Comments

comments