Фестивалот на нов британски филм PlayUK, во организација на Британскиот совет и Младинскиот културен центар, ќе се одржи од 16 до 19 февруари во Скопје и во уште пет градови од регионот, премиерно прикажувајќи десет филмови од современата британска продукција.

Продолжението „T2 Trainspotting“, документарецот за британското музичко влијание „The Man from Mo’Wax“, комедијата за станувањето возрасен „Adult Life Skills“, моќната драма „Una“ и документарецот за ширењето на џихадот во современиот свет „The Confession“, се само некои од интригантните наслови кои на публиката ќе ѝги претстават најдобрите нови парчиња британски филм.

Отворањето на фестивалот е во 20.00 часот на 16 февруари (четврток) во кино Милениум, додека пак останатиот дел од програмата од 17-19 февруари ќе се прикажува во кино Фросина во МКЦ. Билетите се веќе пуштени во продажба, по цена од 100 денари. Заинтересираните филмски љубители ќе имаат можност да набават билети за филмот „Т2 Trainspotting“ (за отворањето на фестивалот) на билетарницата на кино Милениум, а за сите останати филмови на билетарницата на МКЦ.

Програмата на фестивалот и други корисни информации може да најдете тука.

 

Comments

comments