Од утре до недела (12 -14 октомври) во Драмски театар, Скопје ќе се случува петото издание на Меѓународниот фестивал за детски театар „Фенер“.

Мотото на фестивалот е „Тука растат“, а тематски фокус на програмата е екологијата и одговорноста да им обезбедиме на децата чиста и здрава животна средина. Фестивалот ќе биде отворен во петок во 18.00 часот со словачкиот театар „Одиво“ и претставата-лабораторија за воздух, „Аеро“.

 

 

Во сабота ќе гостува куклениот театар од Бјалисток, Полска со „Ленка“, претстава зa црвенокосото девојче. Во недела ќе има „Бубачкување“, перформанс на Петар Никл од Чешка во музичка придружба на Оливер Јосифовски и Виктор Гајтаноски. Истиот ден ќе настапува и израелската уметница Мајан Јунман со „Хартиена Приказна“ .

Билетите можат да се најдат на билетарницата на Драмски Театар Скопје, по цена од 200 денари.

 

Comments

comments