Доделуваме вкупно 6 карти (по 2 карти на 3 читатели) за концертот на Dirtmusic и Figthing Windmills. Повеќе инфо тука.

 

Овогодинешниот OFFest официјално ќе биде отворен на 31 мај во денсинг халата во МКЦ, со почеток во 21.00 часот, каде ќе имаме можност да ги проследиме одличните конгоанци Jupiter & Okwess.

Наредниот ден, на 1 јуни, исто така во денсинг халата на МКЦ, со почеток во 20.00 часот, свој концертен настап ќе имаат Fighting Windmills и Dirtmusic (САД, Австралија и Турција), за кои имаме вкупно 6 карти кои би сакале да ги доделиме на 3 читатели.

Fighting Windmills e македонски бенд, формиран во 2007 година. Музиката која ја создаваат Fighting Windmills е некаде помеѓу пост-рок, фри-џез, пост-панк, фолклор, амбиентална и современа класична музика. Во својата дискографија тие имаат пет албуми, а во меѓувреме, соработуваат со бендови како Sethstat и Јордан Костов. Во моментов се актуелни со нивниот најнов албум „An Exercise in Surprise“, издаден во април 2018 година.

 

Fighting Windmills

 

Dirtmusic, пак се формирани од американските музичари Chris Eckman, Chris Brokaw и австралиeцот Hugo Race (The Bad Seeds), како „сирово” акустично блуз трио. Новиот албум на Dirtmusic навлегува во друга територија. „Bu Bir Ruya”, објавен во јануари 2018 година, е веројатно досега најдобриот албум на Dirtmusic. „Bu Bir Ruya” е предизвикувачко издание, немирен запис за духовното, за главата, но уште повеќе и за телата. Пост-панк, турска психоделија, фанк, рок и електроника, сето ова на едно место.

По нивниот настап, утредента, на 2 јуни, ќе може да ги проследиме концертите на Officina Zoe (Италија), Ifriqiyya Electrique (Тунис) и Gaye Su Akyol (Турција). А истиот ден, во клубот Епицентар, DJ Mukambo ќе ве натера да танцувате до раните утрински часови.

На 3 јуни пак, со почеток во 20.00 часот, во Киното Фросина во МКЦ, ќе настапат Barmer Boys (Индија) и Trans-Aeolian Transmission (Италија / Франција).

Финалето на OFFest 2018 ќе се одржи на 5 јуни во МОБ, со почеток во 20.30 часот, каде овогодинешниот фестивал ќе биде заокружен со гласот на африканската дива Oumou Sangare.

Билетите за OFFest 2018 се во продажба во: Југотон Рекордс, МОБ, МКЦ и www.mktickets.mk. А деталната програма на фестивалот може да ја погледнете тука.

 

Comments

comments