Пред неколку дена македонскиот долгометражен филм „Јавачи на коњи“ ја освои наградата за најдобар филм на интернационалниот фестивал „FAM FEST International Film Festival 2018„ во Северна Каролина.

„Јавачи на коњи“, во режија на Марјан Гавриловски, а напишан по сценарио на Никола Кузелов, е социјална драма, која го следи животот на тројца бездомници и она за што тие сонуваат, во споредба со тоа во каква реалност им минуваат деновите. 

 

 

Јавачи на коњи покрај наградата за најдобар филм на „FFIFF“ се пласираше и како полуфиналист на „Los Angeles Cinefest“, а досега беше учесник на 20 фестивали ширум Европа и светот, меѓу кои „Craft Film Fest“ во Шпанија, „VasterasFilm“ во Шведска, „МedFF“ во Италија, „Cape Town IFMF“ во Јоханесбург и други.

Додека пак, во Македонија, „Јавачи на коњи“ во  2017 година се прикажуваше во Кинотека на Македонија и Cineplexx Скопје, а сега за сега немаме најава или информација дали и кога ќе се прикажува повторно.

 

Comments

comments