Спонзорирано од Vip

 

Ние гледаме, па ти препорачуваме.

Овој текст е дел од серијалот текстови во кои тимот на Reborn еднаш неделно ти препорачува филмови кои мисли дека вреди да ги изгледаш. Секој петок со тебе ќе продолжиме да споделуваме четири филма поделени во следните категории: (1) Нов филм, (2) не-нов-не-култен ама добар, (3) култен филм што лажеш дека го имаш гледано, и (4) документарен.

А зашто добриот филм е безвременски (добро клише, добро) тука можеш да ги провериш нашите минати препораки.

 

 

Star Wars: Rogue 1 (2016)

Нов филм

Препорака на Бане
IMDB 8.3

Тргнав со минимални очекувања, а излегов од кино салата полн со позитивни импресии. Прво, најверојатно ќе гледаме Star Wars продолженија на повисоко и посериозно ниво, но со истиот шмек; второ новата екипа на глумци кои судејќи по првиот дел, им претстои светла иднина и трето Gareth Edwards, на кого ова му е прво големо остварување во својата досегашна режисерска кариера, дефинитивно е The Man. Како и да е, напнат и тензичен филм, многу акција (што треба да ја има во изобилие во ваквите филмови), солидна глума и добро поврзување со целата Star Wars сага. Држиме палци за сличен-па-и-подобар втор дел.

 

 

 

The Little Prince (2015) 

Не-многу-нов-не-култен ама добар

Малиот Принц на HBO со Vip Комбо и Vip ТВ

Препорака на Дона
IMDB 7.8

Совршено ќе се вклопи во предновогодишните викенди исполнети со топло чоколадо и сијалички за елка. Исто како што е невозможно да не ти се допадне книгата, така е целосно неверојатно да останеш рамнодушен на последната филмска адаптација на The Little Prince. Анимацијата е прекрасна, а на приказната е додаден мал твист, но доволно голем за филмот да биде непредвидлив и да ти го задржи вниманието. Без разлика дали ќе го гледаш со 4 годишниот внук или дечко/девојка ти, гарантирам дека подеднакво ќе уживаш.

 

 

 

One Flew Over the Cuckoo’s Nest (1975)

Култен филм што лажеш дека го имаш гледано

Препорака на Дона
IMDB 8.7

Филмот е проект на Kirk Douglas на кој работел со години, но кога стигнал моментот конечно да се снима, верувал дека веќе е престар за да глуми во него. One Flew Over the Cuckoo’s Nest е филмот за кој неговиот син (Michael Douglas) го доби својот прв оскар, во улога на продуцент. Покрај тој, филмот е добитник на вкупно 5 оскари.

Базиран на книгата на Ken Kesey, дејствието на филмот се случува во психијатриска болница во која Randle (Jack Nicholson) е испратен на рехабилитација.

 

 

 

Pina (2011)

Документарен

Препорака на Мери
IMDB 7.7

Dance, dance, otherwise we are lost.

Pina e креатор на еден нов подвиг на уметноста. Преку танцот на сцената и театралноста во пируетите, таа станува една од најважните личности во историјата на танцот. Секој нејзин скок е порака кон светот, секое нејзино движење е мала револуција. Нејзината експресија и игра се олицетворение на љубовта и страста, копнежот и болката. Едноставно кога ја гледаш Pina ти се живее, ти се умира и пак ти се живее.

Pina умира на самиот почеток на снимањето на овој документарец, но Wim Wenders продолжува со снимањето и успешно ја пренесува инспиративната приказна за Pina. Во овој документарен филм нејзините соработници и пријатели се обидуваат преку танцот да му пренесат на светот која е всушност оваа извонредна жена.

 

Comments

comments