Кифлички во изобилие + руска во огромна вангла + добар новогодишен филм = совршениот новогодишен пост за секој верник или неверник.

За првите две категории за жал не сме во можност да ти помогнеме, но мајка, дедо или некоја стрина/тетка секогаш има наоколу, неуморни и спремни да ти ја поднапунат чинијата, сакал ти или не, без око да им трепне. Но во изборот на филм кој ќе го гледаш додека се прејадуваш, е тука веќе можеме да ти излеземе во пресрет.

Иако не беше лесно (како што мислевме дека ќе биде) да се најдат квалитетни новогодишни филмови, сепак успеавме да склопиме една кратка листа на филмови кои бар за момент ќе ти го оттргнат вниманието од новогодишната трпеза.

Среќни празници!

 

 

The Night Before (2015)

Нов филм

Препорака на Диме
IMDB 6.5

Тројца најдобри другари, Ethan (Joseph Gordon – Levitt), Isaac (Seth Rogen) и Chris (Jillian Bell), уморни од „досадните и предвидливи” фамилијарни божиќни вечери, решаваат ноќта пред Божиќ да ја поминат во Њујорк трагајќи по светиот грал во светот на журките aka Nutcracka Ball. Филмот е хаотичен, со многу комични сцени, дроги, дилери, опивања, религиски шали… Одлично филмче за постновогодишна разонода.

 

 

 

Rare exports: A Christmas Tale (2010)

Не-нов-не-култен ама добар

Препорака на Дона
IMDB 6.7

Кога го најдов на листа на најдобрите Божиќни филмови на сите времиња, бев убедена дека уредникот испил две-три чаши повеќе рум од потребното. Ова парче чиста уметност, која гордо ја носи својата 6.7 IMDB оцена, е дефинитивно еден од 5-те најдобрите Божиќни филмови кои сум ги гледала. Ако досега имаш изгледано барем неколку скандинавски филмови, веќе знаеш дека се мајстори за треш, а Rare exports е токму тоа – скап, феномнелен треш. На овој филм во кој Дедо Мраз е негативец, финскиот дијалог само му додава на симпатичност.  

 

 

 

Four Rooms (1995)

Култен филм што лажеш дека го имаш гледано

Препорака на Бане
IMDB 6.7

Филмчиште, иако оценката на IMDB е нереална. Синописот е четири соби, Нова Година, еден хотел, еден лоби дечко (легендарниот Tim Roth) и сето тоа режирано од четворица режисери (Quentin Tarantino, Robert Rodriquez, Allison Anders и Alexandre Rockwell), за секој режисер по една соба. Феноменална филмска препорака за новогодишните празници. Мотивација плус за да го погледнете е фактот дека во филмов се појавуваат: Bruce Willis, Salma Hayek, Madonna, Quentin Tarantino, Antonio Banderas и уште еден тон јаки глумци.

 

 

 

Die Hard (1988)

Култен филм што треба пак да го изгледаш

Препорака на Теодора Поповска
IMDB 8.2

Доаѓа Нова година. Што значи тоа за мене? Па „Die Hard“, или по нашки „Умри Машки” маратон, што друго!

Како и секој die-hard фан на Die Hard, мислам дека кецот е најбоље (како она кога сите прави фанови на бендови од 70ти тврдат дека првиот албум им е најдобар, после тоа тапа).

Како е возможно еден филм да има така опасно добра акција, без суперхерои, нинџи што се борат на тенка жица или снајперисти со 25 тони експлозив, е чудо на сценаристите и режисерите во „Светиот Холивуд“.

„Die Hard“ е толку добар, што го има веројатно најфраерот негативец во светот, го има Bruce Willis во улога на протагонист во кој е неизбежно да имаш teenage crush по завршувањето на филмот , и е Christmas movie at it’s best.

Можам да продолжам да набројувам уште милион причини зошто мислам дека „Die Hard“ по милионити пат треба да се најде на твојата to-watch листа наредниов период, ама нема. Ако оваа Нова година не го изгледаш Умри машки, баш си фејк.

 

Comments

comments