Спонзорирано од Vip

 

Доколку сакаш да се приклучиш на нашите препораки:

Напиши еден до два пасуси за филмот, фокусирај се на тоа зашто ти мислиш дека е добар, а не на синопсисот закачен на IMDB, и испрати ни ги заедно со една фотографија од тебе на dona@reborn.mk, со subject на мејлот „film preporaka“. А ние, секој петок, на нашиот стандарден формат ќе додадеме и една или неколку рандом избрани препораки на читателите. Во ова издание на Кои филмови да ги гледаш викендов, имаме препорака од Христина Ѓоргиевска, Reborn читателка.

Се надеваме дека твојот вкус ќе се поклопи со некој од нашите. А затоа што добриот филм е безвременски (добро клише, добро) тука можеш да ги провериш нашите минати препораки.

 

 

Следно, прочитај ги овие статии:
Разговаравме со победниците на првите конкурси за дизајн на мебел на H01000D
„На терапија”, нова македонска ТВ серија

 

 

Crazy Heart на HBO GO со Vip Комбо и Vip ТВ

Crazy Heart (2009)

Препорака на Бане
IMDB 7.3

Jeff Bridges. Знаеш дека нема шанси да биде лош филм.

Crazy Heart е филмче каде Jeff ја игра улогата на Bad Blake т.е. остарена кантри музичка ѕвезда.

Се работи за мошне излитен кантри пејач со премногу бракови, премногу години минати на турнеја, премногу пијачки и кариера која пропаѓа како жив песок. Спасот за неговата ситуација или барем така изгледа на прва, не знам оцени сам, е во љубовта на новинарката и самохрана мајка Jean Craddock (Maggie Gyllenhaal). Дали ќе се среди ситуацијата со Bad Blake? Може ли Bad, кој едвај може да ја држи својата глава на површината, навистина да се грижи и за некој друг? Неговиот обид црта портрет на човек кој се помирува со своите човечки ограничувања и со последната капка на покајание. Погледни и дознај.

 

 

Love Me If You Dare (2003)

Препорака на Христина Ѓорѓиевска, Reborn читател
IMDB 7.7

Одличен филм доколку си љубител на не до толку класичен романтичен филм или доколку бараш нешто ново што ќе те воодушеви.

Ако имам шанса би го гледала барем два пати годишно, нормално секоја година. Понекогаш кога се чувствувам безнадежно си го пуштам филмов и сфаќам колку моќни можат да бидат французите во љубовта, а богами и во сценографијата. Но највеќе што ми се допаѓа е фактот дека дури на крајот од филмот се разоткрива целиот плот, а големата неочекуваност ќе ги остави гледачите да го догледаат до крај.

 

 

Biutiful (2010)

Препорака на Диме
IMDB 7.5

Iñárritu и Javier Bardem. Загарантирано добитна комбинација.

Biutiful е филм за невообичаената способност на Uxbal (Bardem) кој може да ја предвиди и осети смртта додека е опкружен со секакви реални животни проблеми (разведен, со две деца и заглавен во криминалното подземје на Барселона). Премногу интересна тема на разработка, перфектно сценарио и добра глума.

 

Comments

comments