Веќе шестта година по ред, сé поголем замав земаат нашите дежурни мислители! Секоја година сé посериозни и попосветени млади филозофи и филмаџии ни го разубавуваат градот и ни ги прочистуваат мислите.

Дискретно и софистицирано ни покажуваат дека има недопрени теми и размисли кои можеби ќе ни дадат одговор на многу неодговорени прашања. Дека подзаборавивме колку е важна филоСофијата (Сидо милува со С да ја пишува, барем секој корчагинец го знае тоа) за нас. Дека секојдневните труења, важни и неважни замарања можат да почекаат. Дека сите ние заслужуваме да земеме здив и да си дозволиме еден навистина културен настан. Да си го нахраниме мозокот со филозофски витаминчиња.

 

12909663_471207669740288_4303461049728911190_o

Можеби кога би ги имале и ценеле почесто ваквите случувања, многу полесно би ги примале и би се соочувале со секојдневните будалештини во Македонија.

Со задоволство ви соопштуваме дека овогодинешниот Филозофски филмски фестивал ќе се одржи од 7ми до 9ти април 2016та година, во Скопје во Кинотеката на Македонија. Исто така, Филозозофскиот филмски фестивал ќе гостува уште во три други градови во Македонија.

 

new

 

На свеченото отворање денес, ќе го гледаме  добитникот на златна палма во Кан и оскар за најдобар странски филм, „Un homme et une femme” во режија на Claude Lelouch. А како и секоја година организаторите после прикажувањето на филмот ни подготвуваат дискусија со еминентни филмаџии и филозофи, со кои ќе имаме прилика да поразговараме за впечатоците и суштината на она што сме го гледале. Вечерва после проекцијата за нас ќе говори проф. д-р Денко Скаловски.

 

saffet-yol_hires

 

На 8ми април, петок, ќе го гледаме „Kasaba” во режија на феноменалниот Nuri Bilge Ceylan. Режисерот на „Once Upon а Time in Anatolia”, и за мене многу драгиот „Winter Sleep”!

Ужасно сум возбудена за утре! По проекцијата следува излагање на тема: „Чехов во Анадолија – изградба на една поетска фабула“ – д-р Дејан Здравков, потоа се разбира и отворена дискусија со публиката.

 

12-angry-men

 

Во сабота на 9ти ќе се прикажува победникот на Берлинале во 1957, филмот 12 Angry Men”  во режија на Sidney Lumet. По филмот следи излагање и дискусија со проф. д-р Ана Димишковска на тема „Правдата, казната и гневот: како се одлучува за животот и смртта?

Сите филмови ќе бидат прикажани во Кинотека на Македонија.

 

Comments

comments