На 5 јануари успешно заврши хуманитарната акција „12 елки – 12 медиумски приказни“ организирана од City Mall, а спроведена во соработка со 12 македонски медиуми, меѓу кои и Reborn.

Преку оваа акција беа донирани повеќе од 330 новогодишни подароци на вкупно 12 социјално загрозени семејства.

Дел од овие 12 социјално загрозени семејства беше и семејството Ферати на кое Reborn ги подари пакетчињата од својата елка. Мајката, Ханушма, со своите 5 дечиња беа искрено воодушевени и пријатно изненадени од бројот на подароци кои ги добија и од хуманоста на луѓето.

Пред неколку дена, во пресрет на божиќните празници, го посетивме домот на семејството Ферати, каде нè пречекаа насмевките на мајката Ханушма и нејзините дечињата и ни го развеселија почетокот на 2018 година.

Во изминативе три недели, колку што траеше акцијата, граѓаните покажаа хуманост и сочувство за вкупно 40 дечиња од 12 семејства. Во акцијата се вклучија не само граѓани, туку се разбуди свеста и кај повеќе македонски компании, здруженија и невладини организации, кои излегоа во пресрет.

Би сакале да им се заблагодариме на сите кои се придружија на акцијата и ни помогнаа во собирањето на подароци за децата на семејството Ферати.

 

Comments

comments