Фотографии: Александра Костадиновска
FitKit-ерка: Мими Марковиќ

 

Избери пријател и добијте по 5 FitKit кредити секој. Лајкни го статусот на Facebook, тагни го пријателот и шерни го постот. Ќе бидат наградени вкупно 5 пара, а добитниците ќе бидат одредени во среда, 07.02.2018.

Искрено веруваме дека ако секој знае што е македонската апликација FitKit и како функционира, ќе биде многу тешко да најде причини зашто да не ја користи. Без разлика дали си од оние дисиплинираните, кои веќе редовно вежбаат или си од оние кои сè уште се во потрага по вистинската мотивација – FitKit има нешто да ти понуди.

Пример, ако ти здосадило да вежбаш на истото место секој ден и сакаш да „се испробаш“ во нешто ново, тоа многу едноставно можеш да го направиш со апликацијата. FitKit нуди повеќе од 30 различни места за вежбање, од кои буквално можеш секој ден да одиш на различно – јога, пливање, фитнес, пилатес… па дури и да се почестиш со спа или со приватен тренер.

Подолу е краток водич за како да го користиш и извадиш максимумот од апликацијата.

 

 

Чекор 1: Преземи ја бесплатната FitKit апликација од App Store или Google Play

Апликацијата е бесплатна за преземање и достапна за Apple и за Android.

 

 

Чекор 2: Купи кредити

Отвори го твојот „профил“ и купи ја количината на кредит која мислиш дека ти е потребна. Ги имаш следните опции:

2 кредити за 160 денари
15 кредити за 1000 денари
30 кредити за 1800 денари

Колку кредити да купиш? Ако ти е прв пат на FitKit, ние би ти препорачале да почнеш со купување на 15 кредити. Повеќето тренинзи ќе те чинат по 2-3 кредити, што значи дека со вкупно 15 ќе можеш да испробаш неколку различни вежбања, пред да одлучиш дали ќе продолжиш посериозно.

За кредитите плаќаш веднаш, на самата апликација, со твојата кредитна картичка. Не се плаши – плаќањето на FitKit е едно од поедноставните кои сме ги виделе во Македонија досега.

 

 

Чекор 3: Закажи тренинг

Апликацијата нуди избор од повеќе од 30 сали за вежбање во Скопје (засега само во Скопје, а наскоро ќе бидат достапни и други градови). Во зависност од расположението, за твојот тренинг можеш да избереш различен тип на вежбање – од класичен фитнес, па сè до пилатес и пливање.

Жолтиот број во горниот десен агол укажува на тоа колку кредити ти се потребни за да вежбаш во селектираната сала.

Откако ќе ја избереш активноста, апликацијата ќе ти покаже листа на достапни тренинзи. Во овој момент ќе можеш да избереш време и дата и да кликнеш „Закажи тренинг“.

 

 

Чекор 4: Припреми се за твојот тренинг

✔ Помини 20 минути во бирање на соодветна комбинација на облека за вежбање. Убаво осигурај се дека шишето за вода ти одговара со чорапите.

✔ Вежбај пред огледало како најдобро изгледаш кога го носиш душекот за јога. На лево рамо, на десно рамо? Лабаво во рака?

✔ Изеди една банана.

 

 

Чекор 5: Чекирај се и почни со вежбање

Кога ќе пристигнеш во салата за вежбање, сè што треба да направиш е на влез да го покажеш кодот на твојот телефон.

 

 

Comments

comments