Моментално во МКЦ трае изложба на македонскиот уметник Иван Петрушевски – Flim. „Херои и Нули“ е изложба која е составена од различни карактери од стрипови, игрици, филмови и цртани.

Ние бевме на отварањето, препознавме некои од нашите омилени дигитални ликови, и направивме кратко интервју со Иван.

1. Од каде црпиш инспирација за работа?

Како визуелен уметник, инспирацијата ја црпам од се околу мене – најчесто од стрипови и филм. Дури Скопје и неговите улици се голем извор на инспирација верувам не само за мене, туку и за сите локални креативци.

2. Како дојде до изложбата?

Направив серија од неколку цртежи на таа тема и решив да ја заокружам во една целина од околу 20 дела. Сосема случајно дојде и повикот од МКЦ за изложбата и работите совршено се поклопија. Со МКЦ соработувам веќе подолго време, како дизајнер на промо материјали за фестивалот Здраво Млади и дизајнер на плакати за свирки и концерти кои се оддржале кај нив.

3. Како ги избравте хероите од изложбата? Ова се твоите омилени ликови или?

Може да се каже дека се мои омилени, кои ми оставиле најголем впечаток. Намерно ги изоставив премногу експонираните карактери за да ја запознаам публиката со некои можеби помалку познати, но секако доста впечатливи ликови.

4. Што е планот за понатаму? Hаредна изложба?

Сакам годинава оваа изложба да ја прошетам во Атина и Белград. Наскоро ќе излезе серија со мои дизајни за Македонскиот скејт бренд Popcorn. Во меѓувреме продолжувам да работам илустрација за онлајн игри.

Изложбата трае до 09/08. Одете ѕирнете, па можеби и вие таму ќе ги препознаете вашите херои. На Flim омилен му е Thor!

 

Comments

comments