Иван Петрушевски (Flim) дизајнираше маичка за деца за српскиот streetwear бренд Braca Burazeri (Dechko Tzar).

Се работи за нова, а воедно и прва колаборација помеѓу Flim и Braca Burazeri кои ги интервјуиравме во далечната 2016. Го прашавме Flim да ни каже нешто повеќе за колаборацијата и како дојде до неа, за што ни изјави:

 

 

„Веќе неколку години ја следам работата и еволуцијата на Dechko Tzar, според мене еден од најдобрите регионални креативни бизниси. Со Ненад Радојчиќ се познаваме уште поодамна преку социјалните мрежи, но вистински се запознавме сосема случајно минатата година кога бев во Белград, каде ме препознаа во нивната продавница. После таа кратка средба и разговор добив понуда за соработка – мој дизајн за нивниот бренд. Резлутатот е токму оваа маица која се најде во нивната детска колекција.

Маичката може да се купи на официјалната страна на Dechko Tzar.

 

Comments

comments