ФОНИЈА е панк рок трио кое работи напорно и пишува опасно мелодични песни. Просек од 20 години по член, издадени 6 албуми и регрутирана поприлично обемна база на фанови во Македонија. Личната политика е нивната политика, а брзата меланхолична мелодија нивнoто обележје.

Да не биде дека пишувам без повод за Фонија, иницијалната каписла е нивната промоција на новиот албум насловен како „…без име”. Се работи за албум од 9 песни, текстовите напишани од Дени Крстев, а музиката креирана од членовите на Фонија. Миксан, мастериран од Дени Крстев во студиото на Фонија (јуни-август 2015). Продуциран од Васко Атанасоски и Дени Крстев, а омотот е дизајн на Кристина Горовска.

12019773_10153503530030751_5368327145817310406_n

Издавачката куќа која стои позади овој албум е тимот на МКЦ (Младински Културен Центар – Скопје), Corpus Delicti Records (Скопје) и Giljotina (Љубљана).

Ајде на промоција!!!

Web: www.fonija.mk
Bandcamp: http://fonija.bandcamp.com/
FB: http://www.facebook.com/pages/Fonija/75126990750
YouTube: https://www.youtube.com/user/Fonija

 

Comments

comments