Фотографии: Александра Костадиновска

 

Знаете дека препорачаната количина зеленчук која треба да ја внесеме дневно е половина килограм?

Ние дознавме минатиот четврток, дружејќи се со тимовите и претставниците на иницијативата „Food for Tomorrow“. Македонските учесници веќе ви ги претставивме, а во овие два дена се запознавме и со останатите кои во Скопје допатуваа од Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Романија и Шведска.

Public Room беше местото каде овие 27 учесници го превземаа 24-часовниот предизвик. Од пладнето на 25 април до пладнето на 26 април, учесниците разменуваа идеи за својот заеднички интерес – подобра, поодржлива иднина на храната. Како резултат, понудија и конкретни проекти со кој дадоа одговор на оваа тема и предизвик.

 

 

Презентацијата на финалните проекти се случи на 26-ти април. Покрај организаторите од Шведскиот институт, Living Cities, WNEAT и Шведската амбасада во Скопје и Белград, на настанот беа присутни и претставници на македонски организации кои исто така делуваат во доменот на здрава храна и одржливи системи. Тие се запознаа со проектите на секој тим, разменија сугестии и искуства, а договорија и идни соработки.

На третиот спрат од Public Room, преполн со луѓе и позитивна атмосфера, 4-те тимови нѐ запознаа со своите проект-идеи за поодржлива иднина на храната. Првиот тим се фокусираше на системи на дистрибуција и комуникација кои би овозможиле локалните производители на храна и потрошувачите директно да комуницираат односно продажбата и купувањето да се случуваат без посредници. Вториот тим потсети на алармантната состојба со пчелите кои ширум светот од ден на ден сѐ повеќе ги снемува. Како решение понуди кампањи и обраќање на влијателните фактори од политичкиот и општествениот живот кои реално може да донесат промени на темата. Останатите две групи пак понудија решенија поврзани со важноста на здравата исхрана. Работилници, семинари, едукација и останати средства кои би ја зголемиле свесноста и би понудиле практични решенија достапни за сите.

 

 

По презентацијата следеше мала закуска, дружба и уште многу размени на искуства и идеи. Следниот чекор е да се одбере победничкиот тим, чиј проект ќе добие финансика поддршка и ќе биде реализиран во престојните 8 месеци.

Ќе продолжиме да ја следиме работата на иницијативата „Food for Tomorrow“. Судејќи по почетоците, не се сомневаме дека ќе продолжи да расте и да создава конкретни проекти за поздрава, повкусна и поодржлива иднина за сите нас.

 

 

Photography: Aleksandra Kostadinovska

 

Did you know that the recommended daily intake of vegetables is a half kilogram?

We learned this and many other useful tips about healthy food and sustainable living at the kick-off event of the new initiative “Food for Tomorrow” which took place in Skopje last week. A total of 27 participants from Macedonia (we already introduced you to them), Serbia, Albania, Kosovo, Bosnia and Herzegovina, Romania and Sweden gathered to take part in a 24-hour challenge aimed at generating innovative ideas for a more sustainable future for food.

The participants had exactly 24 hours (from noon on April 25th to noon on April 26th) to exchange ideas for their common interest – creating more sustainable food systems. The result were a few concrete projects that responded to the global as well as local food challenges.

 

 

The presentation of the final projects took place on April 26th. In addition to the organizers of “Food for Tomorrow” – the Swedish Institute, Living Cities, WNEAT and the Swedish Embassy in Skopje and Belgrade – representatives of Macedonian organizations that also work in the field of healthy food and sustainable systems were present as guests at the event. They were introduced to each team’s project and had an opportunity to exchange suggestions, share experiences and make plans for future cooperation.

The 27 participants were split into 4 teams, each of which presented in front of a group of journalists, stakeholders and other guests who joined at Public Room. The first team’s project focused on the distribution and communication systems that would allow local food producers and consumers to work more directly so that sales and purchases would occur without intermediaries. The second team addressed the alarming problem of bee decline which continues to worsen from day to day around the world. As a solution, the team offered campaigns addressing the influential factors of political and social life that can really bring about change. The remaining two groups worked on creating more awareness of the importance of healthy eating. They offered creative solutions like workshops and seminars that would offer practical knowledge to a wide audience.

 

 

The next step in the “Food for Tomorrow” initiative is to select the winning team whose project will receive financial support and will be realized in the upcoming 8 months.

We will continue to follow the work of “Food for Tomorrow”. Judging from the kick-off, we have no doubt that it will continue to grow and create concrete projects for a healthier, more productive and sustainable future for us all.

 

Comments

comments