Никој не го објавува петочкиот посен грав, купусот и варените јајца на Инстаграм со хаштаг #foodporn, ама кога ќе дојде оној ден во годината кога ќе те викнат на платена вечера од фирма, тогаш фламбиран сладолед, камембер фонду и чорба од шитаке мора да се постираат.

Некако слично на второто сценарио им било и на царските фраери и фраерчиња од 16. век кои на секојдневните гозби имале и од пиле млеко. Нивните астали со разновидни јадења и пиење од секаков тип, биле толку гламурозни што некои сликари во нив наоѓале инспирација за своите дела.

Сепак, ова не нè чуди. Во повисоките кругови и оние моќните семејства, храната секогаш била многу повеќе од основна потреба за преживување. Тоа најверојатно е причината зашто денес и имаме правила за јадење, многу одамна сме престанеле да се прехрануваме и сме го претвориле чинот на јадење во ритуал, а подготовката во уметност.

И тоа се чини сосема нормално – луѓето се визуелни суштества. Не е доволно само да биде вкусно, мора да биде доволно примамливо да го изедеш и со очите.

Signor-Senatore-Francesco-Ratta

Во Getty институтот во Лос Анџелес беше поставена изложба на слики од раното средно доба во Европа на кои се прикажани обилните гозби од тие времиња и на нив може јасно да се види дека се посветувало екстремно многу време и внимание на аранжирањето на храната. Кога тоа ќе се поклопи со уметниците кои сликале, го добиваме истиот „инстаграм“ тренд на прикажување во јавност она што ти било зготвено за ручек.

Table-with-Sugar-Figures-for-the-Marriage-of-Johann-Wilhelm-Duke-of-Jülich-copy
Единствена разлика е што во тие времиња, сликарите биле принципиелни, па може да се најдат слики и од деца кои јадат чисти суви корки леб, што би било пандан на нашето „пржени јајца“ денес, кои за разлика од тие времиња, никој не ги постира на Инстаграм.

 

 

Comments

comments