Во Музејот на современата уметност на 29 и 30 октомври ќе има јавно предавање и работилница со Forensic Architecture, група која е номинирана за престижната награда Turner на Tate музејот.

Предавањето ќе се оддржи на 29 октомври (понеделник), додека работилницата ќе се случува на 30 октомври (вторник). Работилницата ќе ги запознае учесниците со новите проекти на Forensic architecture преку кои ќе добијат увид во истражувачките методи и предизвици на оваа група.

Forensic architecture е мултидисциплинарна истражувачка група од Голдсмит, Универзитетот во Лондон. FA спроведува современи архитектонски и медиумски истражувања на случаеви поврзани со државен криминал и кршење на човековите права, и тоа во име на меѓународни обвинители, организации за заштита на човекови права како и политички и еколошки групи кои се залагаат за правда.

 

 

Доколку сте заинтересирани, за учество може да се пријавите на следниов мејл: faworkshop.msu[at]gmail.com. Работилницата е отворена за сите, но предност ќе имаат архитекти, дизајнери, визуелни уметници, писатели, куратори и активисти.

Предавањето и работилницата насловени „Unearthing State Violencе“ се организирани од „Радикално образование” – интердисциплинарна програма на Музејот на современата уметност во Скопје, а во соработка со PLAYUK фестивалот на British Council.

Повеќе детали може да дознаете тука.

 

Comments

comments