Иако поминаа скоро две недели откако заврши Skopje Design Week, сé уште ми се свежи импресиите од мојата прва средба со „Форми“.

„Форми“ се релативно млад македонски бренд кој за првпат кај нас се појавува во 2014 година. На овогодинешната Skopje Design Week ја имаа својата официјална меѓународна промоција, а според четиричленото жири заслужија да ја понесат и наградата за најдобар млад бренд во подем.

Форми се сложувалка, ублажувач на стрес, канцелариска играчка, конструктивна игра, brain teaser, но најважно од сé, тие се супер забавни! 216 магнетни топчиња направени од легура на железо, борон и јадро од неодиум. Неодиумот кој е попознат и како NdFeB, NIB или Neo магнет спаѓа во групата на ретки-земјени перманентни магнети и е најсилниот магнет некогаш пронајден.

 

 

Во секое пакување има и картичка што се користи за раздвојување на силните магнетни топчиња, но и за мерење. Картичката е неопходна за напредно структурирање на комплексни форми. Во секое пакување на Форми има и торбичка со 8 сошиени магнетни топчиња која е практична за чување, но и за пронаоѓање на „побегнатите“ сфери. Зошто се токму 216 на број? Во овој број се кријат едноставни математички правила, односно 6x6x6 го даваат бројот 216, а така ќе треба да ги подредиш магнетните топчиња за да направиш коцка.

Како што и си пишува на самата кутија, Форми се мали магнети за големи креативци, што значи дека ќе можеш да ги правиш сите можни форми кои ќе ти паднат на ум. Најпрво започни со подредување на магнетните топчиња во едноставни линии, а понатаму користејќи ги математичките правила формирај покомплексни геометриски тела (сфера, пирамида, коцка итн.) и покомплицирани платонски (тетрахедрон, октахедрон, додекахедрон итн) тела, но и бесконечно различни аморфни структури. Во пакувањето има упатство во кое лесно ќе ги најдеш првите чекори во откривањето на безграничниот свет на Форми.

 

 

Кога купуваш пакување Форми вложуваш во хоби со безгранични креативни можности. Кога купуваш Форми вложуваш во геометрија која те ослободува од секојдневниот стрес. Форми можеш да ги користиш дома или да ги носиш со себе, и на себе – како накит.

 

 

Затоа што душекот со магнет баш и не е практичен за секојдневно да си го носиш на работа и да дремнеш на него за да ги наполниш батериите, далеку пофраерски е да си купиш Форми и со нив креативно да вадиш лутина и нервоза и да си го красиш бирото со орнаменти во чиешто уништување подеднакво ќе уживаш. Држењето на магнетните топчиња меѓу двете дланки помага да се забрза крвотокот низ рацете и ја забрзува доставата на нов кислород до мозокот. Да не заборавиме дека магнетите ја раздвижуваат и целата енергија на телото чијшто главен проток е низ двата енергетски меридијана кои започнуваат зад ушите и се протегаат долж рацете; не случајно големите волшебници и магови фрлаат енергетски топки низ дланките нели?

Ако овој пост те заинтригира барем малку, трк до CityМall да си ги купиш Форми, или онлајн ако те мрзи и не си по тркнувањата.

 

Comments

comments