Кога ќе им дадеш простор на тивките и заборавените од општеството, тие пуштаат глас кој е толку моќен, бучен и важен што инстантно те буди.

Те буди од отуѓеноста, те буди од твојот затворен свет. Тој глас тe потсеќа дека во твојот свет има место за уште многу прекрасни луѓе чиј светоглед ќе ги отвори твоите хоризонти и ќе те однесе на едно многу поубаво место, место полно со љубов.

Таква е книгата „Живот вреден за живеење“, на авторките Емилија Георгиевска Наневска и Мимоза Петревска Георгиева надополнета со прекрасните фотографии на Драги Неделчевски.

 

 

Лицата со потребни потреби не потсетуваат дека светот без нив би бил многу помрачно и потажно место за живеење. Дека тие имаат да кажат многу и да и дадат многу. Дека имаат љубов, имаат креативност, мудрост и разбирање за сите нас. Прашањето е дали имаме и ние за нив?

Книга која и дава сосема поинаквa димензија и перспектива на различноста, книга која не обединува и не учи за еднаквоста. Приказна за децата со посебни потреби и нивните родители, приказна за сите нас.

Галерија од фотографиите на Драги Неделчевски

 

 

Comments

comments