Доделуваме вкупно 6 карти (по 2 карти на 3 читатели) за настапот на Francesco Tristano и Џијан Емин во Сектор. Повеќе инфо тука.

 

Овој петок, во организација на Сектор и Neuland, ќе се шизи на Francesco Tristano и Џијан Емин. А како загревање ќе послужи второто издание на Диско у Диско, кое ќе започне на истото место во 17.00 часот, со Сашо Узуновски позади ДЏ пултот. (*Истата влезница важи за двата настани.)

Francesco Tristano, роден во Луксембург, а школуван на Juilliard School of performing arts, е музички гениј кој уште од рана возраст се обидува да ги спои навидум неспоивите музички компоненти. Неговото животно мото е „music is music“, смета дека Johann Sebastian Bach е техно. Наоѓа тесна поврзаност помеѓу готвењето и креирањето музика и поседува камелеонска способност истовремено и подеднакво да се вклопи во амбиентот на класичната филхармонија и во ултра-динамичниот простор на клубот Space Ibiza.

Неговото пробивање и запознавање со светот на електронската музика започнува во студентските денови, околу крајот на 90-тите, преку легендарниот албум „Around The World“ на Daft Punk, како и преку влијанието на тогашната њујоршка електро сцена.

 

 

Резултатот на ова првично влијание е колаборацијата со легендата на детроитската техно сцена, Derrick May, многу добро познат лик на скопската техно сцена, со синглот „Not For Piano“ (2007). После овој прв сериозен проект на Tristano, следуваат огромен број на соработки со техно-легенди од типот на Jeff Mills и Carl Craig.

Музичките композиции на Tristano се опишани како ритмички, експериментални, апстрактни текстури, проследени со уникатна сензација на слобода. Неговите дела се движат помеѓу класична музичка пијано композиција од 18 и 19 век и модерниот електро звук.

 

Comments

comments