Моделот Jeanne Damas нè советува како да ја преживееме зимата како парижанки. Иако знам дека еден капут нема да ме направи парижанка, никогаш не би одбила да ги ислушам сите совети на темата.

Овој пат тоа се седумте кул препораки за како да се почувствуваш како француска дама за време на овие неколку студени месеци кои ни преостанаа.

20151210090539277

Позајми нешто од „Garsons“

Долги машки капути, неструкирани. Ги обожавам затоа што се широки и дозволуваат да се затоплиш со огромен дебел џемпер под нив.

 

farcoat12

Дозволете си крзно

Ова е малку „клизав“ терен. Сите имаме крзна од мајките, кои се доста скапи и топлат многу. Оние кои нормално ги сакаат и заштитуваат животните имаат во сите продавници вештачки крзна во сите бои и форми, шалови, елечиња, бунди. Јас носам крзнени шалови (вештачки, секако) кои многу топлат и кои ги комбинирам со сè што не одговара на пример со војнички јакни, фармерки и балетанки.

 

07

Џемпери

Дебели, долги, во неутрални бои. Ги обожавам затоа што топлат, практични се и брзи за комбинирање. Ролките исто така се препорачливи, но не за мене.

 

2

Шалови, а не ракавици

Е тука Jeanne Damas ме збуни, како на ладново без ракавици? Трпи баба за убавина работава. Шалови имам во сите бои и големини. Кои плетени од бабите, кои купени, сите ги обожавам – ме топлат и ми ги разубавуваат капутите и јакните.

 

Снежно бело

Сите сме навикнати во зимо да се облекуваме во некои потемни нијанси, дури и фармерките ни се потемна нијанса на тексас. Пробајте бел џемпер со светли или бели фармерки. Во Париз тоа било кул.

 

Sorel-Winter-Boots-Prosecco-and-Plaid-6 copy

Снежни чизми

Кај нас, освен на скијање, не знам каде би го носеле, зашто снег во Скопје има два дена во годината.

 

638505502fb73f3910aa6be577adbd7c

Значи баретки, НЕ!

Во Париз било клише, па не носеле. Во Париз нема да носам, ама низ Скопјево, зошто да не?

 

Comments

comments