Archona Games, дечките кои ја креираа Small Star Empires, првата македонска галаксија, сега го најавуваат следниот проект, односно стратешката игра Galactic Warlords: Battle for Dominion, која денес ја објавија на Kickstarter.

Играта е дизајнирана од Babis Giannios, развиена од Archona Games, а позади фантастичниот дизајн и графика стои Михајло Димитриевски попознат како Тхе Мичо.

Galactic Warlords: Battle for Dominion е стратешка игра со тактичко дејствување и планетарна контрола за 1 до 4 лица.

 

 

Играчите се вселенски воени командири кои се трудат да воспостават контрола врз галаксијата. Преку најмување и играње на различни карти со платеници, играчите ќе бидат во можност да добијат различни единици како што се пешадија, тенкови и летала и истите во комбинација со нивните акции и способности да ги искористат за напад или за да воспостават контрола врз планетите на мапата, притоа добивајќи репутација и здобивајќи се со поени. На крајот на играта, играчот со најмногу поени е победник.

Ако целава приказна ти звучи доволно примамливо, тогаш приклучи се кон Kickstarter кампањата и помогни оваа нова македонска игра да стане реалност. А откако ќе ја поддржиш, прочитај за други три македонски друштвени игри што треба да ги испробаш.

 

Comments

comments