Првото издание на „Галаксија“, списание за популарна наука, е објавено на 1 февруари 1972 година.  

Покрај интересните теми кои ги обработува списанието, втора причина поради која би ги купувале редовно овие магазини се нивните неверојатни научно-фантастични дизајни.

За жал никој од нашиот тим немал доволно изострен осет за научно-фантастична естетика и интерес во периодот кога постоело списанието (за последен пат е објавено во 2001). Но благодарение на прекрасниот блог Yugodrom и нивниот Flickr сет, можевме да ги разгледаме и да составиме една мала галерија од нашите омилени „Галаксија“ илустрации.

Еден од артистите кој стои позади неколку од надреалистичните научно-фантастични насловни илустрации е рускиот уметник Николаи Лутохин, а покрај него како автори се јавуваат и научно-фантастичните уметници од Америка и Велика Британија.

Иако списанието веќе долго време не се објавува во печатена форма, продолжува да постои и денес во форма на веб-портал.

 

 

Comments

comments