Фотографии: Марко Марјановиќ

 

На 29-ноември се случи долго очекуваната журка на Telecom Electronic Beats, а она што го видовме и доживеавме вечерта во С.Р. Ц Кале, ги надмина очекувањата, и во контекст на музичкиот квалитет и во однос на атмосферата.

Само што влеговме, веќе бевме транспортирани во друг, магичен свет, преку уникатните визуелизации и осветлување. Не заостануваше ниту звукот на докажаната локална епика, односно на Flooder и Blendimore кои ја отворија вечерта и го најавија квалитетниот техно звук.

30 минути по полноќ, диџеј палката прејде во рацете на италијанското дуо Fideles, составено од Mario Roberti и Daniele Aprile кои во наредниот час и половина не’ разигруваа со мелодично техно.

А, во 2 часот сцената ја презема Stephan Bodzin и со неа владееше до утрото. На дело ни покажа зошто е една од најважните фигури на техно сцената.

Тешко е да се одвои кулминацијата на вечерта. Затоа, ќе ги споделиме фотографиите и едвај ќе чекаме следна ваква магична вечер со екипата на Telecom Electronic Beats.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments