Фотографии: Стефан Самандов

 

На осмото издание на Д Фестивал настапија повеќе од 30 артисти на четири стејџа.

Како и секогаш, Д Фестивал и оваа година помина одлично. Главната програма се одржуваше на паркингот Гранит, пред влезот на Стар Дојран, додека на втората фестивалска сцена, која беше сместена во кампот, се одвиваше засебна програма.

Овогодинешната посетеност на фестивалот беше неколку пати поголема од минатите изданија, а најверојатно како последица на настапите на големи музички имиња, како од светот, така и локални. Посетители од Македонија и од регионот имаа прилика да ги погледнат Sevdaliza, TDFU, Maria Alyokhina од Pussy Riot, Smut, Архангел, Фолтин, Љубојна и многу други артисти. И секако да не го заборавиме изненадувањето на Д Фестивал 2018, интимниот настап на Manu Chao.

Капацитетите за сместување беа целосно пополнети, а покрај атрактивните бендови и музичари, преку ден посетителите имаа прилика да учествуваат во разновидни активности – да погледнат добар филм, фудбалски натпревар од Светското првенство или да учествуваат во часевите за јога и изработка на стикери.

 

 

Comments

comments