„Skopje street art & graffiti gallery“ е идеја-концепт на архитектот Филип Конески за галерија на отворено, која би била сместена на бетонскиот потпорен ѕид, во сутеренскиот дел на ГТЦ т.е подземната сообраќајница.

Замислениот простор е исполнет со „ниши“ кои создаваат полиња за работа и е совршен за ваков тип на галерија на отворено. Истата визуелно би била достапна и низ продорите од приземјето, а доволно сокриена да генерира сопствен идентитет, не загрозувајќи го постоечкиот.

За потеклото на проект-идејата „Skopje street art & graffiti gallery”, Филип Конески изјавува:

„Главната идеја која се провлекува низ целиот концепт да се создаде наменски простор за уличната уметност (на отворено) е стара 10-тина години. Првиот простор каде размислував дека е совршено тоа да се случи е „Македонскиот Луксор“ т.е просторот под Железничката станица, но истиот како концепт-идеја остана само за во „фиока“.

Потоа размислував за некој „објект“ во околината на Музејот на современа уметност, каде би се организирале настани и би се збогатувала колекцијата на музејот, додека авторите константно би се поттикнувале да творат. Како последен јавен концепт (трет) кој ја обработува истата тема е моменталниот концепт кој датира уште од 2015 година.”

Тригерот што го повлече Филип јавно да го објави идејниот концепт е идејата на градот за враќање на автобуската постојка во рамките на подземната сообраќајница, која е врзана за истиот простор, за кој тој верува дека ќе биде подобро искористен со неговиот проект.

 

Comments

comments