Фотографии: Александра Костадиновска

 

Jungle е британски модерен соул музички колектив, основан во 2013 од Tom McFarland и Josh Lloyd-Watson, на кои подоцна им се придружија уште 5 неверојатно талентирани личности.

Нивниот музички стил може да се опише како „мид-темпо 70-ти стил на фанк“ и иако се „стари души“ во модерна облека, не ми текнува на друг артист со кој би можела да ги споредам.

А покрај тоа што се бендот кој секогаш изгледа подобро од сите кои досега ги имам видено, во живо (ако е возможно) звучат и изгледаат уште подобро. Концерт на кој бев се случи во Roxy клубот во Прага, а како загревање пред нив настапи Piqi Miqi, соул артист од Америка.

Прилично се неподвижни на сцена, секој фокусирајќи се на својот инструмент. Како и секој друг концерт, и овој го отворија со „Smile“, а затворија со „Time“, осигурувајќи се дека никој не прекинал да танцува во меѓувреме. А морам и да го споменам ликот кој беше задолжен за светлата, затоа што е очигледно генијалец на кој му ја препишувал 30% од атмосферата.

 

 

Comments

comments