Фотографија: Иван Момировски

 

Саботната „Кино Карпош” треска помина, време е за визуелна рекапитулација на нештата.

Изминатата сабота Кино Карпош го прослави својот 9-ти роденден и, секако, традиционално ја одржи Филмската Академија, која по 9-ти пат им додели оскари на најдобрите актери.

Водител на Оскарите беше радио-водителот Викса, а наградите беа доделени од минатогодишниот победник во категорија „Најдобра поединечна маска”, Катарина Ивановска.

Победници во категорија Најдобра групна маска“ беа момците маскирани во ликовите од Pulp Fiction, a во категорија „Најдобра поединечна маска“ победник е девојката маскирана во Jaylah од Star Trek. 

Освен оскаровската еуфорија, роденденот беше втората сериозна причина за долга и откачена сабота во Кино Карпош и Минус еден. А за тоа каква беше атмосферата и дали луѓето навистина беа роденденски расположени, скролај до доле и освежи си ги мемориите или тагувај дека не си бил дел од оваа приказна.

 

Comments

comments