И покрај сите приоритети и состојби изминатата недела, вреди да се спомене и концертот на Кооp Oscar Orchestra (KOO) кој се одржа во четвртокот.

Преполно, топло и поразлично. И покрај тоа што хитовите на она Koop кое ние го знаеме беа на репертоарот, сепак овој нов бенд навистина звучеше поинаку — „Strange Love“, „Island Blues“, „Come to Me“ во една поинаква нова мелодија.

Секој со различни импресии, но конечно концертот помина разиграно и певливо. Публиката даде сè од себе за да остане кул во овие турбулентни денови.

Поздрав KOO, се гледаме во поубави и повесели времиња!

 

Фотографии: Александра Костадиновска

 

DSC_0237 DSC_0304 DSC_0325 DSC_0351 DSC_0075 DSC_0099 DSC_0138 DSC_0148 DSC_0171

Фотографии: Александра Костадиновска

 

Comments

comments