Фотографии: Александра Костадиновска

 

Во четвртокот (4 октомври) со настапот на PBR Streetgang во Минус Еден се затвори четвртото издание на Култиватор, фестивал на македонски филмови и музика во организација на Кино Карпош.

Култиватор, како и секоја година, така и оваа, понуди квалитетен избор на сегменти од областа на македонскиот филм, музика и дизајн, преку филмски проекции од македонска продукција.

Покрај проекциите имаше и поп ап продавница на која беа презентирани дела на македонски артисти, уметници и дизајнери. Се случи и разубавувањето на најновиот член на фамилијата Кино Карпош, локалот BKW, како и настапот на британските електро/диско легенди Crazy P и уште многу други настани во рамки на фестивалот.

Погледнете ја нашата галерија.

 

Comments

comments