Фотографии: Амел Амед

 

Викендов бевме во Маврово каде се одржа второто издание на Mavrovo Thrones, ултимативна ски трка на која беа прогласени најбрзиот маж и жена, т.е. „кралот“ и „кралицата“ на ски центарот во Маврово.

Во трката што се одржи оваа недела (24 февруари) учествуваа околу 50 пријавени тркачи, кои меѓусебно се натпреваруваа кој прв ќе пристигне од највисоката точка на скијалиштето (врв на Белички ски лифт) до крајот на патеката под едносед (Корја). Првите места на натпреварот ги освоија Дердан Дехари и Снежана Савиќ Димовска, кои беа прогласени за крал и кралица на ски центарот.

За музичката програма за време на викендот во Маврово беа задолжени Irie Scratch, Tebo Negett, Скопски Грув, Алек Солтиров и Funk Shui.

Разгледајте како си поминавме.

 

 

Comments

comments