Фотографии: Александра Костадиновска

 

„Molecular“ се одржа минатиот четврток во Каза Бар и беше четвртиот од настаните што ги организираме заедно со Neuland.

За музиката на евентот се погрижи DJ UX, а за останатиот дел од атмосферата дефинитивно треба да им се заблагодариме на Les Scientists, тим на научници во полето на храна и биотехнологија (дел од Bottega евенти) кој се занимава со молекуларна гастрономија.

Екипата е предводена од Јана Клопчевска, професор на Техлоношки факултет, која со молекуларна гастрономија се занимава веќе 2 години. Концептот на евентот целосно им го предадовме нив да го осмислат, благодарение на што за прв пат имавме прилика да пробаме желе од мохито, агарови перли во сокови, пијалоци кои се палат и испаруваат, пијалоци кои се служат во ледени топки и многу други од нивните експерименти.

За молекуларната гастрономија (за жал) не знаеме многу повеќе од тоа што го видовме во Каза, па приликава ја злоупотребуваме да ја распрашаме Јана сè што нè интересира.

 

Јана Клопчевска, професор на Техлоношки факултет

 

Јана, нè интересира процесот на изработка на молекуларна храна. Раскажи ни накратко, пример, како го правите мохитото во форма на желе?

Процесот е многу интересен. Во суштина сите овие модификации во молекуларната храна се прават со прородни полимери. Ваквите агенси се „food grade“ и се добиваат по различни технологии, било од животни или од алги, во зависност каков таргет на потрошувачи имаме и дали храната треба да биде без алкохол, без глутен, без лактоза и слично. Секој настан е различен и custom-made.

 

 

Целиот ваш тим е составен од професори и студенти на Технолошки факултет. Дали секој би можел да се занимава со молекуларна гастрономија?

Молекуларната гастрономија е една цела посебна наука. Во Македонија слободно можам да кажам дека нашите студенти ги изучувааат сите техники и се компетентни за работа во ова поле. Секој не би можел да го работи овa, бидејќи ние молекуларната гастрономија ја поткрепуваме со научни резултати и анализа. Сите знаеме дека многу тешко се достапни рестораните со ваков вид на храна, следствено целта е обичниот народ да дојде до овој вид на храна кај нас и да направи еден вид сензорска анализа односно да ја почуствува.

 

 

Колкав тим сте и колку време ви треба за да спремите доволно јадење за настан од типот на „Molecular“? Каде го спремате и чувате јадењето?

Во однос на нашиот тим би рекла дека сме 6 професионалци, или во превод – сите сме прехранбени технолози. За да се направи еден ваков настан, во зависност од бројот на посетители, потребни ни се отприлика 2 работни недели или десетина дена. Храната се припрема во лабораторија, под посебни услови на чување. Искуството си го прави своето, но сепак стручност во работата игра најголем фактор.

 

Галерија

Comments

comments