Фотографии: Елена Фиданска и Марјан Јаневски

Во право се Мрдни со прст, летото сè уште не е завршено, зашто вчера во парк за момент заборавивме дека дојде септември.  

Но не за долго, затоа што поводот и донирањето на училишен прибор нè потсетија дека започнува новата училишна година. Време е за нови почетоци, а симпатична хуманиратна акција како оваа секогаш е добро загревање.

Вчера од 13 до 15 часот на Школка во Градскиот парк во Скопје се одржа акцијата „Мрдни со прст и донирај училишен прибор!“. Таму, додека се протнувавме низ гужвите и уживавме во музиката на многу наши артисти, направивме и неколку фотографии. Со нашата галерија оние кои не успеаа да присуствуваат ќе посакаат догодина повторно да се случи нешто слично, а оние кои беа можеби ќе се најдат на некоја од фотографиите и ќе се израдуваат на уште една добра летна меморија.

 

Comments

comments