Оваа сабота, втора година по ред, во Дебар Мало се славеше уметноста.

Знаевте дека нема да поминеме без галерија. Сега, кога конечно почнуваат пополека да ни се избриструваат главите, да исчезнуваат последните траги пиво од нашиот здив и да ни се таложат впечатоците, спремни сме да ги разгледаме фотографиите и да слушаме како секој од нас се жали дека не „испаднал“ добро.

Но уште поважно, спремни сме да ви се заблагодариме. Најпрвин, на нашите спонзори, Еуролинк Осигурување, Пивара Скопје, Red Bull и Гемак, затоа што цврсто застанаа позади нас, ни ја дадоа сета поддршка и разбирање кои ни беа потребни и без кои „Музеј Дебар Маало“ немаше никогаш да се случи.

А потоа, да ви се заблагодариме на сите вас и да ви кажеме дека сè уште не можеме да поверуваме дека ова се случи, дека овој викенд повеќе од 3000 од вас ни се придруживте на ре-отворањето на овој наш мал, еднодневен музеј. А доколку речеме дека вие го направивте овој настан тоа што е, ќе звучи клише и издишано, но верувајте ни, вистина е. Празен музеј е тажен музеј. Нашиот беше преполн, исполнет со прекрасни луѓе, среќен музеј.

 

Фотографии: Александра Костадиновска

 

 

Фотографии: Иван Момировски

 

 

Comments

comments