На 15 и 16 јуни, на автобуската постојка во склоп на Градскиот трговски центар – Скопје, локални уметници и графити цртачи ќе работат на формирањето на првата галерија на отворено посветена на уличната уметност и графити културата.

По иницијатива на архитектот и уметник Филип Конески, а во организација на Младинскиот културен центар, Град Скопје и Градски трговски центар – Скопје се распишува повик за избор на 20 авторски цртежи, кои ќе се реализираат во склоп на проектот „Градот убав“.

Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност, а детални информации за повикот и апликацијата за учество може да ги најдете на веб страницата на МКЦ.

 

 

Целта на оваа интервенција е да им се даде простор на домашните автори да реализираат дело посветено на Скопје, кое оваа година одбележува 55 години од обновата по катастрофалниот земјотрес од 1963-та година. Покрај промоцијата на домашните уметници пред јавноста, со оваа интервенција ќе му се даде дополнителна функција на овој архитектонски атрактивен простор, кој е еден од најзначајните објекти од современо Скопје.

Официјалното отворање на галеријата е закажано за 17 јуни 2018.

 

Comments

comments