Фотографии: Александра Костадиновска и Александар Чокревски

 

Минатиот четврток во Винил се одржа вториот од серијалот на вкупно 10 настани, кои ги организираме во партнерство со Neuland.

За да не оставиме нешто нејасно и некажано, пред да продолжиме со најавување на следните настани, во пакет со галеријата подолу склопивме и неколку прашања кои неколкумина ни ги поставија во текот на настанот во Винил.

 

 

Што всушност беше настанот во четвртокот?

„Glaze“ беше вториот настан од серијалот на евенти наречен NeulandNights, кои ги организираме во колаборација со Neuland. Последниот NeulandNight беше фокусиран на вкусот како сетило и доживување. На настанот беше изложена инсталација, односно ѕид долг 5 и висок 2 метри, на кој беа прикачени крофни. За музиката се погрижи Ulterior.

 

 

Што се NeulandNight евентите?

Neuland е мултисензорната платформа која започна минатата година и која покрај другото, има за цел да им даде прилика на локалните уметници, таканаречени џинови, да ги поместат границите на добрата забава во градот нудејќи досега невидени интерпретации на звукот, вкусот и визуелните уметности.

Од арт инсталации и модни шоуа, до дегустација на храна и 3Д визуелизации. NeulandNights се евенти, секој од нив со добра музика и посебен концепт, изработен во колаборација со локален креативец. Идејата на настаните е да го подигне музичкото доживување на едно ново ниво и да им даде прилика на младите уметници да изработат и изложат нешто свое.

 

 

Кој го изработи ѕидот со крофни во Винил?

Sидот го направивме ние, Reborn. Проектот беше воден од Симона Тасевска, а со поддршка од останатиот дел од тимот.

 

 

Дали крофните беа домашни?

Не. Нашиот експерт за печење, Дона, не беше во Скопје, па моравме да ги купиме.

 

 

Колку крофни имаше? Колку се изедоа?

Имаше точно 384 крофни. До крајот на вечерта се изедоа околку 330.

 

 

Кои крофни беа повкусни? Кафените или белите?

Чоколадните крофни беа дефинитивно попопуларни. На крајот на настанот речиси и да немаше останато од чоколадните крофни.

 

 

Кога и каде ќе се одржи следниот евент?

Настаните се одржуваат секој четврток, а следниот ќе биде во кафе бар Круг. Евентот го нарековме „Plastic“ и ќе биде визуелно доживување.

 

 

Галерија

Comments

comments