Прв пат кога се запознав со Word, како алатка за пишување текстови, првото прашање со кое се соочив беше изборот на соодветен фонт за тоа што сакам да го кажам. Знам, добро ми текнува на времето кога најдоминантен меѓу младите македонски корисници беше фонтот MAC Times.

Од вкупниот број на фонтови (моја груба пресметка е 2121313), кој е оној кој најчесто го користиме, и уште поважно што тој кажува за нас? Со сигурност еден од најпознатите е легендарниот Gill Sans. Епа, драги пријатели и пријателки, на Gill Sans пред извесно време му се случи една преродба (читај: Reborn).

Креиран од британскиот дизајнер Eric Gill, Gill Sans се раѓа во далечната 1928 година. Познат како фонт кој низ историјата го користеле од Pixar Studio па се до BBC. Него сепак му беше потребна една обнова, на таков чекор се нафати компанијата Monotype, која пред некоја недела ни ја презентираше новата и освежена верзија, насловена како Gill Sans Nova. Станува збор за еден пакет наречен Eric Gill Series, во кој се собрани Joanna Nova (модерна верзија на Joanna, фонт креиран од Gill Sans), Gill Sans Nova и Joanna Sans (комбинација на Gill Sans и Joanna).

Пред да разјасниме неколку додатни ствари околу новиот проект на Monotype, не можев  да издржам, а да не споделам со светот пар биографски факти за Gill Sans (кои очигледно само што ги дознав).

Gill бил вплеткан во неколку инцестоидни афери, но сепак тој останал херојот во светот на дизајнот и типографијата. Во поголемиот дел од 20тиот век, неговите вештини во дизајнирање, калиграфија, цртање, вајарство биле шаблон за многу артисти и дизајнери. Исто така, тој напишал неколку книги, изработил пар еротски гравури и дизајнирал голем број на фонтови, меѓу кои и Perpetura, инспирирана од натписи од Римската империја. Неговиот фонт (Gill Sans) бил најпопуларен во Англија, како што фонтот Futura бил во Западна Европа, и како што е денес Helvetica. Интересен факт е тоа дека фонтот Joanna (дизајниран во периодот од 1930-1932 година) бил насловен по името на неговата керќа.

Да се вратиме во сегашноста и новите продукти на Monotype. Идејата на оваа компанија не е креирање на фонтови во чест на Gill Sans, туку модернизирање и адаптирање на неговите производи на денешните модерни дигитални производи. А сето тоа преку духот и ДНАто на Gill Sans.

Се сложувам со следбениците на Gill Sans и ги поддржувам нивните размислувања. Фонтовите не се важни само за секојдневното пишување и авторската дејност, туку се длабоко навлезени во емоционалната и приватна сфера од нашиот живот како основа на сите писма, фејсбук, смс пораки итн.

 

Галерија

Comments

comments