Серијалот на NeulanNights настани започна минатиот четврток и продолжува следните 9 недели.

Neuland и Reborn организираат настани изработени во колаборација со локални креативци. Секој од наредните 9 четвртоци ќе се одржи евент со различен концепт, на различна локација низ Скопје. Од арт инсталации и модни шоуа до дегустација на храна и 3Д визуелизации.

Минатата недела во Синдикат се одржа „Blooming“, а вториот по ред настан ќе се случи овој четврток во Винил со почеток во 21.00 часот. Евентот има наслов „Glaze“, неговиот концепт е дело на Reborn (Симона x Димитар), а за музиката ќе биде одговорен Ulterior.

Дојдете со апетит за благо.

 

 

Следи нè внимателно наредниот период, кога  еден по еден, ќе ги најавуваме деталите за престојните настани од серијалот.

 

Comments

comments