Пробуваме нов формат на препорачување серии и филмови. Ова е првиот таков текст, па супер би било да ни кажеш дали ти се допаѓа и дали нешто би променила или додала.

Во принцип, наместо долги текстови во кои секојдневниот трагач по серии можеби не е спремен да навлезе, препораките ќе ги делиме на мали секции. Овие секции ќе бидат во форма на оние често поставувани, основни прашања кои први ни паѓаат на ум кога другарот ни препорачува нешто ново за гледање.

Последна ваква серија, што ми остави супер впечаток и која едвај чекав да ја догледам и препорачам, е The Alienist.

Жанр: Драма, мистерија

Каде може да ја гледаш: Netflix

 

 

Ќе ти се свиѓа ако:

Ако си фан на Sherlock Holmes тип на приказни, дури и на оние во кои не глуми Benedict Cumberbatch. Како дете се радуваше кога на Телма ќе го начекаш Hercule Poaro, но никогаш не можеше да ја игнорираш евтината наивност на CIS. Отсекогаш те привлекувале добри мистерии, ама од оние паметните, поткрепени со интересни факти. Оние што откако ќе ги изгледаш се чувствуваш како некој да ти ги изострил знаењето и вештините.

 

Потсеќа на:

Со целиот фокус на ментални болести, ме потесеќа на Sherlock, Maniac, True Detective и Mindhunter. Само кога дејствието би било сместено во 19 век.

 

Омилена ствар:

Ептен сум гик за филмови и серии во кои се појавуваат историски личности. Особено кога изгледаат неочекувано, неверојатно секси како Roosevelt во оваа. А уште поголем гик сум за серии со било каква наука, односно серии во кои ликовите се екстремно паметни. Во овој случај протагонистот е криминален психолог.  

 

Синопсис, без спојлери:

Приказната, сместена на крајот на 19 век, го следи тимот предводен од Dr. Laszlo Kreizler (криминален психолог) и илустраторот за The New York Times, John Moore, кој се труди да реши серија на убиства, користејќи нови методи како отпечатоци од прсти и психологија.

 

Оцена
4.5Оцена
Reader Rating 0 Votes

Comments

comments