Ја заокружуваме годината со една финална, голема #rebornwishlist со идеи за поклони и со еден поклон од нас за тебе – ваучер во вредност од 1000 денари, кој можеш да го искористиш во било која од продавниците на Fashion Group.

Правилата, како и секогаш, се многу едноставни. Прво, разгледај ја нашата листа со која се обидуваме да ти помогнеме во изборор на поклон за твоите блиски, а потоа, за да добиеш ваучер од Fashion Group во вредност од 1000 денари:

Во коментар на Facebook тагни пријател и напиши еден поклон од нашата листа кој мислиш дека ќе му/и се допадне. Пр. @John Travolta чорапи. Добитникот на ваучер ќе биде одреден во 12.00 часот на 29.12.2016 (четврток).

 

[За Него]

Јакна од Springfield

Не гледаме добра причина зашто јакна е поклон кој само тетка може да го подари на внук. Да, можеби звучи како голем подарок, и повеќе е нешто што ќе си го самоподариш, ама те уверуваме дека со добра пролетна јакна како оваа нема шанси да утнеш.

 

Тренерки од Springfield

Совршен подарок за: (1) оние кои цела зима ја поминуваат во вежбање, во обид да избалансираат со неверојатните количини алкохол и месо изедени, и (2) за оние кои не планираат да го напуштат домот додека не излезе првото кокиче.

 

Сет за одржување бркови (од интернет)

Цела година го убедуваш другар ти дека треба да ги избричи брковите, а тој упорно ги обожава. Кога веќе не можеш да го победиш, помогни му да бидат што посредени.

 

Чорапи од Scotch & Soda

Во еден момент почнавме да ја препознаваме важноста на добри чорапи. Искрено веруваме дека најдобрата комбинација возможна може лесно да се уништи со лоши чорапи. Од тогаш па наваму, секоја прилика ја злоупотребуваме да му подариме некому (или себеси) добар пар чорапи.

 

Star Wars постер од Марко Манев

Веќе повеќе од јасно е колку ни се допаѓаат постерите на Марко, а на ваков подарок ќе се израдува секој Star Wars гик.

 

Фармерки од Replay

Зошто никој не подарува фармерки? Да, тешко е да се погоди големина, ама забораваме дека веќе живееме во време кога лесно можеш да ги замениш за точен број. Затоа, сите ние што бараме повод за да се натераме да пробаме фармерки, стоиме на зборот дека се прекрасен подарок.

 

Пумпа за велосипед

За дечкото во твојот живот што секогаш тврди дека ако некогаш поседува автомобил, тоа ќе биде само за долги патишта кои не може да ги извози со велосипед, и уште поважно – автомобил кој удобно ќе го собере велосипедот на задно седиште.

 

Средство за чистење чевли (од интернет)

Наводно секој дом во Британија го поседува магичното средство за чистење чевли и патики на Jason Markk. Второто најдобро нешто, после ова, за другар ти / дечко ти кој е опседнат со патики и ги знае имињата на сите Nike модели.

 

Кожни патики од Timberland

Класичните жолти кондури не се единствените чевли што би ги купиле од Timberland. Последниве година дена обожаваме патики на кои ѓонот е иста боја со горниот дел.

 

Ламба од Марта Мојсова

Одличен подарок за другар ти воодушевен од сè поврзано со универзумот. 

 

Кутија со додатоци за GoPro

Нема потреба да смислуваш друг подарок за дечкото што секаде со себе ја носи својата GoPro камера. Џабе си трошиш време, знаеш дека на ова најмногу ќе се израдува.

 

Коцка IQ тест

Сите имаме по еден другар што ужива во логички игри, стратегии и сè што значи предизвик. 

 

Маичка од Scotch & Soda 

Не многу често имаш прилика да шеташ во маичка по кратки ракави овој дел од годината, ама ако имаш – подобро нека биде некоја добра. Секој фан на normcore стилот ќе се израдува на ваква убава верзија од сивата маичка на Mark Zuckerburg.

 

 

 

 

[За Неа]

Чевли од Parfois

Во некои земји веруваат дека на девојка не се подаруваат чевли. За среќа на сите девојки во Македонија, тоа не е случајот кај нас. Ако девојка ти е од оние што поседуваат повеќе од 10 пара чевли, а ниту еден од нив не е на штикла, ова е поклонот.

 

Прстен од Parfois

Ако е прерано за свршенички прстен, разгледај ја оваа опција. Диме вика дека е добар начин да истестираш како ќе изреагира. 🙂

 

Кожен мантил од Mango

Тоа што сезонава ќе треба да ја преживуваме на -20 не значи дека една девојка ти / другарка ти нема да може да издржи една вечер. За убавина, нели така викаа?

 

Грамофон

Имаш неколку опции – да купиш нов (што нема да најдеш кај нас баш лесно), да купиш на старо (барај на Пазар 3 и Реклама 5) или да најдеш кај дедо ти во подрум.

 

Ташна од Parfois

Верувај. Никогаш во историјата не е забележано девојка да не се израдува на ташна. Невозможно е да згрешиш.

 

Принт од Корубин

За девојката што штотуку се одлучи да живее сама и ѕидовите се сè уште празни.

 

Фустан од GUESS 

Малку поелегантна верзија фустан за поелегантна верзија на новогодишна забава.

 

 

Плоча

Ако девојка ти веќе има грамофон, тоа значи дека никогаш нема доволно плочи. Поддржи некој од нашите локални бендови и подари и албум што ќе звучи уште подобро на плоча.

 

Кактус од Bulberry

Кактус е совршеното растение, или наречи го цвеќе, за домот на млада девојка. Изгледа добро, се наводнува еднаш месечно.

 

Книга „Growing“

Growing е книга која секој, не само твојата девојка, би посакал да биде дел од домашната библиотека.

 

Rose Argan Oil  

На девојката што инвестира во нега на кожа, а не во шминка, подари и арганово масло од новиот македонско-шведски бренд.

 

 

Comments

comments