Добиј сингл плоча по твој избор од Апотека, МКЦ. Лајкни го статусот на Facebook и шерни го постот и можеби токму ти ќе бидеш среќниот добитник. Добитникот ќе биде одреден на 23.11.2017 (четврток).

 

Големината е важна. Големината не е важна. Големината е важна. Големината не е важна. Големината е важна. Големината не е важна. Големината е важна. Големината не е важна.

Ова е дилема која веројатно се влече во бескрајна меандра откога е светот и векот. Уверен сум дека не е се така црно-бело, ќе се обидам да ве предизвикам околу оваа проблематика. Сепак, вистинските одговори ги има единствено крајниот корисник, а тие обично се движат во овие рамки: (1) не е битна големината, битна е техниката, (2) можеби е мал, ама надокнадува со нежност, (3) нее важно колку е голем, важен е квалитетот на интеракцијата.

Вашиот стар, добар М.П. и неговото екстензивно и интензивно искуство, сосем се сложуваат со потребата од квалитетна интеракција. Заедничко искуство кое доведува до мултиплициран оргазам. Оттука, и покрај должината на дијаметарот од 7 инчи (17,78 цантиметри:) и популарниот назив мала плоча, 7-инчните синглови се извор на екстаза и музичка нирвана уште од 1949 година, кога дискографската куќа RCA Victor ги воведува на пазарот, за да се натпреварува со 10-инчниот и 12-инчниот формат на Columbia. На оваа „мала плоча”, или популарно наречена сингл, обично се наоѓа по една 3ипол минутна песна на секоја страна, но понекогаш и 2, па и 3 песни. Сепак 1 на 1 (1 песна на страна) е најдобриот модел за интеракција со слушателот, како од аспект на квалитет на звукот, така и од аспект на квалитет на продуктот во целост.

Малите плочи доминираат со срцата на слушателите и синглските топ листи во светот се до крајот на 80тите, кога ЦД сингловите, а потоа и download-ите ја превземаат акцијата во свои раце. Значи синглот е веќе подолго време дел од историјата. Сепак, курентната ера на Винил Фетиш-измот не би била комплетна, доколку не би обрнала сериозно внимание на „малите плочи”. Да, токму такви малецки парчиња од историјата можете да набавите дури и во македонската метропола, доколку прошетате до најопремената локална продавница за винили, Апотека при МКЦ Скопје.

Следи мала топ листа на единечни парчиња богатство кое можете да го набавите уште денес. 7 парчиња од по 7 инчи кои ќе ве задоволат духовно, физички, културолошки и ќе ви набацат опасна темпорална облигација. Најсреќниот читател на Reborn ќе добие и подарок сингл од Апотека.

 

1. M – Pop Muzik

„Pop Muzik” е совршен сингл да го имате во поседство, да се сликате со него и да го постирате на Instagram, или било кој нет. Луѓето веднаш ќе проверат која е таа песна, ќе го погледнат видеото на тјуб, ќе послушаат што тоа се кажува, а вашиот coolnes рејтинг веднаш ќе порасне вртоглаво до степен да нема да може да ги доброите лајковите на вашите постови. Обидете се, секогаш е in да се биде cool.

 

 

 

 

2. Midge Ure – If I Was

Првиот соло сингл на вокалистот на легендарната британска електро-поп група од почетокот на 80тите, легендарните Ultravox. Песна со скриен капацитет да победи на било кој евровизиски натпревар. Вистинска химна и манифест за вашиот ангажман за докажување на љубовта и посветеноста кон вашиот партнер. Купете го синглот, дојдете дома, ставете го на вашиот грамофон и отпејте му го у фаца на вашиот партнер, со чешел наместо микрофон. Ова ќе упали 100%. Верувајте му на стариот добар М.П.

 

 

 

 

3. Paul McCartney & Michael Jackson – Say Say Say

Ако зборуваме за парче историја во вашите раце, ова е суво злато. Кралот на попот и „најфиниот” и најдолговечен битлс, во непогрешива соработка со тотален евергрин ефект. Овој видео спот беше еден од ретките кои постојано се вртеа на нашите сиромашни со колорот социјалистички телевизии од 1983та. Тип: покажете му го синглот на вашиот татко. Ќе ви завидува.

 

 

 

 

4. Yazoo – Nobody’s Diary

Ова е веќе за солзи. Една од најубавите песни напишани во времето на new wave/new romantic периодот, а тоа е почеток на фабулозните 80ти. Ова е прописен подиумски материјал, кој и ден денес стои во сетовите на вистински добрите диск џокеи (ретки се тие типови), а сепак ќе изнуди солза од вашите интелигентни очи. Препорака: купете го синглот и подарете ми го мене. Ќе ве сакам.

 

 

 

 

5. Boney M – Daddy Cool

Дали е тоа време за шизење во вашиот топол дом? А да ги изнесете од плакар облеките на вашите родители (можеби и баби & дедовци) од 70тите и направите еден proper dress up party, а? Секако ќе ви треба саундтрак, некакво лудо диско со хумористична ивица за шизење. Е ова е совршениот сингл за таа намена. Незнам дали знаете, ама фронтменот на овој бенд Bobby Farrell правеше свадба во Скопје во 1981 (Хотел Континентал), каде што се ожени против нашата Јасмина Шабан. Свадба на деценијата драги мои. Да, да, 80Ти!

 

 

 

 

6. Break Machine – Street Dance

Очигледно е дојдено време за шизење, па кога е така, малку break dance нема да штети. Напротив. На почеток на 80тите ова беше норма. На секој роденден у основно школо, имавме барем по едно дете кое играше брејк денс. Особено после филмскиот мегахит, исто наречен Break Dance, од Кино Центар (денешен Милениум) па се до Зелено Пазарче позади Собрание на Р.М. беа поставени по земја картонски кутии, а врз нив манично вртеа брејк денс огромен број млади, без разлика на национална, верска или културолошка припадност. Размислете за ова.

 

 

 

 

7. Ryan Paris – Dolce Vita

Да, 80тите беа вистински рај на земјата. Странските видео спотови и филмови имаа многу повеќе боја од домашните, имавме веќе пробано кока кола и хамбургер (барем по 2 пати) и скоро сите идеа на одмор на море каде имаше германки, а големината таму секако не беше важна. Ах, да… и имаше Italo Disco. Оваа песна е еден од врвните репрезенти на тој стил, вистинско богатство да се има во рацете и секако саундтрак на своето време: Dolce Vita = Убав Живот.

 

 

 

Comments

comments