Македонскиот режисер Горан Столевски доби награда од жири за најдобар краток филм во интернационална конкуренција на SUNDANCE FILM FESTIVAL 2018.

„Мојот херој Chris Ware само што ми ја предаде оваа награда и го спореди моето пишување со тоа на Толстој. Немам зборови за да опишам како се чувствувам во моментов“ – изјави Горан на Facebook.

Филмот „Види ја ти неа“ (24-тиот краток филм на Горан) е приказна за младата девојка Анета која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето, вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал – скокање по крстот за Водици.

Горан Столевски е режисер роден во Македонија, дипломирал на универзитетот во Мелбурн, а завршил филмска и телевизиска режија на Викторијанскиот колеџ за уметности во Мелбурн. Живее и работи на релација Австралија-Велика Британија.

 

 

Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Пируника Киселички, Жарко Јовановиќ, Антонија Белазелкоска, Иво Антов, Виктор Арсов, Игор Ангелов, Симон Манасковски, Изабела Новотни, Милица Стојанова и Горан Илиќ.

Продуценти на филмот се Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски. Филмот е во продукција на Црна мачка продукција, копродукција со Скопје филм студио, а финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.

 

Погледнете ја изјавата на Горан пред фестивалот:

 

Comments

comments