Нови артисти во подем, македонска музичка легенда и техно ѕвезда – ова е дел од музичката програма на шестото издание на ДримОН фестивалот во Струга.

Mузичкиот дел на фестивалот започнува денес и е посветен на млади регионални артисти. Настапуваат synth pop дуото I Tpbme I Tvrbme од Албанија, Sergio Lounge од Белград и indi pop атракцијата ENSH, кој исто така доаѓа од Србија.

Петокот е резервиран за концерт на Горан Трајковски, кој по две децении се враќа во родниот град и ќе настапува во истиот објект каде што и започнала неговата кариера. Сабота ќе биде во знакот на електронската музика. Во 22.00 часот, аргетинскиот колектив Motus Luminb ќе има аудио-визуелен настап, а програмата ќе продолжи на отворена сцена со диџеј сетови на Илина Ангел и Боби Радосављевич.

 

 

Точно на полноќ пак, започнува забавата во Хангар. Журката ја отвора Pbss-N-G-R, а следува 2b2 сет на Andrebs Hz и Kроном. Круна на вечерта ќе биде британскиот продуцент Shifted кој веќе подолго време живее и работи во Берлин. Shifted важи за еден од основоположниците на современото техно и еден од најреспектираните ликови на берлинската техно сцена. Ова ќе биде негово прво и долго очекувано гостување во Македонија.

 

Comments

comments