Gorillaz се еден од малкуте бендови од детството за кои сè уште сум возбуден.

Предводени од Damon Albarn, проектот Gorillaz функционира како колектив од артисти (музичари, поети, аниматори итн.) кои активно допринесуваат во градењето и оформувањето на приказната на бендот. Од Del the Funky Homosapien па сè до De La Soul, Mos Def и Snoop Dogg, голем број на поети и рапери поминале или барем стапнале за момент во студиото на Gorillaz.

Тоа што е фасцинантно кај Gorillaz е нивната храброст и волја за експериментирање и менување на музички правци, а без притоа да ја изгубат својата оригиналност и стил. Се работи за бенд кој им пркоси на сите жанрови на популарната музика. Голем дел од нивните песни на прва се тешки, а понекогаш и непријатни за слушање.

Последното нешто од нив, сингл кој доаѓа после 6 години музичка суша и тишина, е колаборацијата со Benjamin Clementine, што е одличен пример за оние типични Gorillaz тешки-за-уживање музичко/визуелни експерименти. Ја преслушав неколку пати, тешка ми беше да ја сварам, но изгледа така треба и токму тоа е поентата.

Gorillaz се враќаат на голема врата во вистинско време. Минатата година беше година во која на светот му се случија Brexit и Donald Trump. Па поттикнати или не од овие настани, нивниот најнов сингл наречен „Hallelujah Money” беше објавен токму ден пред официјалното „круносување” на Trump за претседател.

Нивниот анимиран гитарист, Murdoc преку својата изјава за медиумите објаснува зашто токму во овој момент решија да се вратат на музичката сцена:

„Во овие тешки и мрачни мигови, на секого му треба некој на кого ќе може да се потпре и угледа. Тоа сум јас. Затоа ти ја презентирам оваа нова песна на Gorillaz, грмотевица од вердо небо полна со вистина, која патува низ црната и мрачна ноќ. Добредојден си. А сега магла. Новиот албум нема сам да се создаде“.

Нивниот нов албум се очекува да биде објавен подоцна оваа година.

 

Gorillaz are one of the only remaining “childhood bands” that I’m still excited about.

Lead by Damon Albarn, the project “Gorillaz” functions as a collective of artists (musicians, poets, cartoonists, etc.) that help shape the band’s story. From Del the Funky Homosapien, to De La Soul, Mos Def and Snoop Dogg, many urban poets and rappers have stopped by the Gorillaz studio.

I’ve always loved their courage to experiment and change direction (while still keeping their core trademarks in tact). This band defies all genres and aesthetics of popular music and many of their songs completely break the mold and can be unlistenable at first.

Their latest track, which comes after six years of silence, is a collaboration with Benjamin Clementine and is a great example of one of these difficult-to-enjoy Gorillaz experiments. I played it a few times and had trouble liking it – but, perhaps that is the point.

They’ve returned at a pivotal time in world history. 2016 was the year of Brexit and Donald Trump. And they released this track, titled “Hallelujah Money” the day before Trump officially takes the oath.

In a press release, Gorillaz virtual guitarist Murdoc explained why the band decided to return right now.

“In these dark times, we all need someone to look up to,” Murdoc said. “Me. That’s why I’m giving you this new Gorillaz song, a lightning bolt of truth in a black night.You’re welcome. Now piss on! The new album’s not gonna write itself.”

Their new album is expected to be released later this year.

 

Comments

comments