Инспирацијата за овој напис е од најреалниот индикатор за крајот на новогодишната возбуда и враќањето на работа – тефтерот кој Кома дизајн студио традиционално го испраќа до своите пријатели/партнери за да им честита пријатна работна година. Симболиката потсеќа на ластовиците на есен и враќањето пред училишните табли.

А слично на учениците кои се радуваат на само првиот училишен ден, на кој на другарчињата ќе им ги покажат новите патики кои ги добиле од чичко им од Германија за време на распустот, ние во канцелариите го чекаме последниот новогодишен подарок за сезоната, за да дознаеме за кој концепт се решила оваа година екипата од Кома.

Овогодишниот е убедливо мојот фаворит досега, тефтер/календар направен во чест на дизајнерите кои твореле логоа во Македонија во втората половина од XX век. Според последната страна од истиот тој тефтер, идејата за овој графички времеплов од логоа е на Небојша Гелевски – Бане, инспирирана со отворањето на неговиот блог retromk.tumblr.com, кој опфаќа богата збирка графички материјали и логоа создадени во минатиот век.

Откако му честитавме на тимот на Кома за прекрасното изненадување, ги замоливме за Reborn да направат селекција од, според нив, најдобрите лога кои ви ги презентираме во следната мини галерија.

 

Галерија

Comments

comments