Фотографии: Елена Фиданска

 

Многу работи не знаеме, но за едно нешто сме сигурни – секогаш е добра идеја да бидеш пријател со оние кои ти носат (или ти припремаат) добра храна.

Добрата храна, како што стануваме сè повозрасни, сфаќаме дека е едно од најубавите нешта во животот. Да се вратиме на главниот муабет: нашите пријатели од Grouper, со кои соработувавме на промотивното видео за нивната Недела на храна, се одлучија пред неколку дена да не изненадат со 18 кила добра храна! Буквално сè ни донесоа – од бургери до крофни. По тој повод, организиравме една фина гозба во канцеларија, измешавме неколку работи кои најверојатно не требаше да бидат измешани и се решивме да ги споделиме со тебе нашите фаворити. 

А ти, доколку веќе испроба неколку работи на Недела на храна (која патем е сè уште активна и ќе биде до крајот на месецот), можеш да гласаш за твоите фаворити тука.

 

Корејска салата од Korean BBQ Tree House

 

Kimchi супа од Korean BBQ Tree House

 

Corn dog од Mr. Burger

 

Веган чиа пудинг од Squeeze me

 

Hulk Burger со јајце од Prote.in

 

Крофни од Breadway

 

Тарт од Breadway

 

Колачи од La Creme

Comments

comments