Фотографии: Милан Блажевски, Марко Најдановски и Славче Ангелков

 

Овој викенд во сутеренот на ГТЦ во Скопје беше официјално отворена првата галерија на отворено во Скопје, наречена „Градот убав“.

По иницијатива на архитектот и уметник Филип Конески, а во организација на Младинскиот културен центар, со поддршка на Град Скопје и ГТЦ, пред отприлика еден месец беше распишан повик за избор на 20 авторски цртежи кои ќе бидат вклучени во проектот наречен „Градот убав“.

Од вкупно 40-те апликации добиени од домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност, беа селектирани 20, кои изминатата недела работеа на реализирање на своите предлог-идеи, по чие комплетирање галеријата беше свечено отворена изминатиот викенд.

 

 

Артистите кои придонесоа со свои дела кон галеријата се: Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски – Драш, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски – Страјк, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски – Флим, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими – Есием, Зоки Мише – Шума, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска, а идеен автор и проектен координатор е архитектот и уметник Филип Конески.

Овој проект е дел и од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), која претставува мрежа на 14 партнерски градови и институции (меѓу кои и Градот Скопје и МКЦ), на европското културно богатство и разноликост, чија цел е промоција на меѓународниот креативен сектор преку тренинзи, размени и изложби на визуелни артисти.

 

Галерија

Целосна галерија тука

 

Comments

comments