Фотографии: Александра Костадиновска

 

Овој текст е трет по ред од серијата написи во која бараме здрави и вкусни алтернативи на популарни брзи јадења.

Во овој серијал од текстови приготвен во партнерство со Oriflame и нивната нова Протеинска мешавина која може да се додаде на секое јадење без да го промени вкусот, спремивме вкупно 3 здрави алтернативи на популарни брзи јадења, сите од нив додатно појачани со протеини.

За заокружување на менито го одбравме најпопуларниот десерт на светот – сладолед.

Нашиот сладолед имаше 4 едноставни состојки: замрзнати банани, какао, Oriflame Протеинска мешавина и малку бадемово млеко. Тотално „guilt-free“.

 

 

Потребни состојки:

 

Начин на примпрема:

Процесот на припрема е многу едноставен.

 

 

(1) Замрзни ги бананите

Излупи ги бананите и стави ги во замрзнувач да отстојат најмалку 45-60 минути.

 

(2) Припреми за блендерот

Исецкај ги замрзните банани и стави ги во блендер. Во блендерот додади ги останатите состојки: 2 лажици какао, 1 лажица Oriflame Протеинска мешавина и 2-3 лажици млеко од бадем. Не додавај шеќер – нема потреба, бананите се доволно благи самите по себе.

 

(3) Изблендај и послужи

Тоа е сè. Откако сè ќе се избленда, сладоледот е спремен.

 

 

Comments

comments