Повторно сме во Исланд. Ако претходниот пат зборувавме за младата и креативна сила која доаѓа од таму, денес би преслушале нешто искусно.

Електронски бенд со кој многу млади започнале да слушаат ваков тип на музика, многу од нив црпеле идеи или присвоиле влијанија за создавање на некои свои звуци.

Исландскиот електронски бенд GusGus постои повеќе и од дваесет години, но сеуште не губи од својата млада енергија, иако претходно препознатлив по својот груб електонски звук, денес многу по искомерцијализиран, особено во вокалната мелодија.

 

 

Оформени во 1995 година (Рејкјавик Исланд), со постојано менување на членовите, понекогаш со постава од дури дванаесет, девет, шест, па и само двајца артисти на сцена.

Постојани, препознатливи и впрочем душата на GusGus, се Stephan Stephensen (aka President Bongo), Birgir Þórarinsson (aka Biggi Veira) и Daníel Ágúst. Се категоризираат блиску до техно или хаус музиката, со постојано експириментирање на вокалната изведба. Постојаното менување на звукот на GusGus се должи на менувањето на поставата и на творењето на многу ликови во овој бенд, како и на постоењето од повеќе од две децении на музичката сцена.

 

 

Досега имаат издадено девет албуми, од кои последните два, „Аrabian Horse” (2011) и „Mexico” (2014), повторно им овозможуваат постојанo присуство низ германските и англиските електронски случувања.

Она што никој не би го заборавил, доколку ги погледне во живо, е светлосното шоу, сценската продукција, лудите бои со кои тотално би се изгубиле од реалниот момент.

 

Comments

comments