Влијанието на Guy Bourdin е повеќе од очигледно. Преку неговиот уникатен стил на модни фотографии (кои дури гравитираат накај порнографија), успева на еден начин да направи од сите нас воајери, кој повеќе кој помалку.

Својот врв на популарноста Guy Bourdin го достигнува во 70тите години од минатиот век. Роден во Париз, тој првите свои животни лекции ги учи додека служи воен рок. После таа епизода од животот, тој врти нов лист и се ориентира кон фотографијата. Кон модната фотографија, да бидеме поконкретни. Неговите фотографии се препознатливи по мистериозното чувство на опасност и сексуалност, на страв и посакување, табуа и надреалност.

photo-guy-bourdin

Неговите љубовни врски честопати биле опишувани како страшни и необични, што е во некаква корелација и со судбините на моделите кои биле дел од неговите фотографии (некои од нив фотографирани на начин да делуваат мртви или ранети). Неговото влијание во модниот свет и оној на фотографијата е огромно, а посебно преку промената која тој ја внесе во начинот на портретирањето на женскиот лик и дело. 

 

Галерија

 

Comments

comments